ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Последно ажурирано на 20.11.2024

Контролор на личните податоци е СЕЈВ-MK ДООЕЛ (во натамошниот текст SAVE или Ние), со седиште на ул. „Иван Иванов Балашо“ бр. 89, Кочани, Република Северна Македонија. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци за чијашто заштита SAVE посветува значително внимание.
Податоците за корисниците на мобилната апликација SAVE нема да бидат достапни за ниедно друго лице кое што не е вработен или здружена компанија на истата и ќе се користат исклучително за маркетиншки цели на SAVE. Затоа ве молиме внимателно да ја прочитате нашата политика на приватност пред да започнете со вашето пазарење затоа што при самиот тој процес на купување преку вебсајтот www.save.com.mk (во натамошниот текст Вебсајтот) апликацијата SAVE (во натамошниот текст Апликацијата) вие се согласувате со политиката за приватност и потврдувате дека сте ги прочитале и разбрале условите под кои ги обработуваме вашите лични податоци.

ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ, НИВНА ОБРАБОТКА И ЗАШТИТА
Личните податоци како име, презиме, адреса, електронска адреса, телефонски број, корисничко име и лозинка и сл., SAVE ги собира при процесот на регистрација на клиентите на Вебсајтот или мобилната Апликација. При самото преземање на мобилната Апликација SAVE ние добиваме информации за уредот од кој пристапувате, вид и модел како и за вашиот оперативен систем.
SAVE ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за технички потреби на вебсајтот или апликацијата или за општа комуникација со вас. Вашите лични податоци ќе бидат искористени за анализа и подобрување на нашата апликација, како и за подобрување на понудите и другите ваши барање во иднина. SAVE нема да ги открие вашите лични податоци на трета страна. Вработените во SAVE се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.
Сигурноста на податоците при плаќањето со картичка ги гарантира процесорот на платежните картички на чии страници се извршува целокупниот процес на плаќања. Ниту во еден момент SAVE нема пристап до податоците од вашата платежна картичка. При внесувањето на податоците од платежната картичка доверливите информации се пренесуваат по пат на јавна мрежа во заштитена форма со употреба на SSL протокол и PKI систем.
SAVE ги собира и обработува вашите лични податоци заради спроведување на безбедна проверка на вашата автентичност, реализација на договори за соработка, испорака на производите, комуникација со вас, можни законски процедури поврзани со реализација на договорот, а и применуваме автоматизирани процеси за обработка со цел постојано да ги подобруваме нашите процеси на работа во ваш интерес како и да ја прилагодиме нашата понуда на производи и услуги според вашите навики и потреби.
Вашите лични податоци ќе се обработуваат согласно со закон и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци. Ќе се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност и заштита од неовластена или незаконска обработка.

СПОДЕЛУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ
Со самото нарачување преку Апликацијата, ние ги споделуваме вашите лични податоци (име и презиме, адреса, емаил адреса, телефонски број) со нашите партнери од коишто ја имате нарачано вашата ќеса производи. Го правиме тоа со цел да овозможиме побрза и полесна комуникација помеѓу партнерот и вас во случај на промена или недостапност на нарачаните производи или било какви други можни проблеми или промени поврзани со истите.
Вашите лични податоци може исто така да ги споделиме, во случај на потреба, и со други трети лица како партнери за имплементација и провајдери на софтвер, даватели на услуги за плаќање и картички, административни соработници и сл.

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

КОЛАЧИЊА
Со преземање на нашата апликација може да поставите „колачиња“ на вашиот мобилен телефон, компјутер или друг електронски уред за да ве препознаваме. Ова го правиме за да ги зачуваме вашите преференци, да собираме статистички податоци и да ја следиме вашата употреба на нашите услуги. Ако ги исклучите колачињата или одбиете да прифатите барање за поставување колаче, некои функции и услуги на апликацијата може да не функционираат правилно.

МАРКЕТИНГ
SAVE може да врши директен маркетинг преку е-маил, смс пораки, телефон и сл.